Хари Кејн од денеска и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен откако германскиот гигант го потврди трансферот на 30-годишникот од Тотенхем. Англискиот репрезентативец се сели на „Алијанц Арена“ за 100 милиони евра, трансфер кој може да се зголеми за дополнителни 10 милиони со бонуси.
Кејн со Баерн Минхен потпиша договор до 2027 година и во следните четири години ќе заработува годишна плата од 25 милиони евра.
„Многу сум среќен што сум дел од Баерн Минхен. Баерн е еден од најголемите клубови на светот и јас секогаш велев дека сакам да се докажувам на највисокото ниво на светот. Баерн го карактеризира неговата победничка култура и многу е добро чувството да што сум тука“, изјави Кејн.
🎬 Action! FC Bayern proudly presents 𝐇𝐀𝐑𝐑𝐘 𝐊𝐀𝐍𝐄. #ServusHarry pic.twitter.com/93IWBU7TOx
— FC Bayern München (@FCBayern) August 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

