Одбојкарската федерација на Македонија испрати соопштение до јавноста во врска со инцидентот во Тарагона и одлуката на Македонскиот Олимписки Комитет да ги врати одбојкарските репрезентативци назад во Скопје порано од предвиденото поради недисциплина.
„Во врска со изјавите од страна на МОК по повод наводното недолично и неспортско однесување на одбојкарската репрезентација на Медитеранските Игри во Трагона, Шпанија.
Нашите репрезентативци во секоја прилика, во и надвор од теренот го давале максимумот за да достојно ја претстават Македонија.
ОФМ нема да дозволи имиџот на репрезентацијата да биде нарушен со паушални изјави, без никакво покритие за истите.
За сето време на наводниот настан биле присутни и званични лица од МОК и останати спортисти од делегацијата.
Доколку имало било каков инцидент, поединците кој што го предизвикале ќе бидат санкционирани.
Репрезентативците се враќаат во Скопје во четврток, по враќањето ќе има званичен извештај за настанот“, се вели во соопштението на ОФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА