Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да се најде во осминафиналето на Европското првенство, откако во последниот натпревар во групата Финска славеше против Турција со 3-2, резултат кој им одговараше на двете селекции за место во елиминациската фаза.
По поразот на Турците, се огласи и Одбојкарската федерација на Македонија од каде порачаа дека нема простор за разочарување по дебитанскиот настап на ЕП…
„Нашите момци го завршуваат настапот на Европското првенство. Одлично искуство и феноменален настап. Покажаа како се бранат националните бои. Може да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното Европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале! Секогаш со срце за МАКЕДОНИЈА. Ви благодариме на сите за неизмерната подршка“ – се вели во краткото обраќање преку социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА