Фисник Хисени е нов претседател на ОФС Тетово, по одржаното Изборно собрание на општинскиот сојуз на кое беа избрани и новите раководни структури.
На Собранието на кое присуствувале 36 делегати, со тајно гласање е избран Фисник Хисени за прв човек на сојузот. Хисени освоил 20 гласа, а неговиот противкандидат Јасин Фетиши – 16 гласа.
За нов потпретседател на ОФС Тетово е избран Јовица Илиевски, а во новиот Управен одбор се избрани Фисник Хисени, Јовица Илиевски, Фестим Адеми, Фатмир Салаи, Сулејман Ибиши, Mујдин Исмаили, Драгољуб Јовановски, Африм Јонузи и Сафет Мифтари.
Како што е познато, ОФС Тетово немаше свој претставник на последното Собрание на ФФМ поради тоа што ФФМ не ја призна легитимноста на претходно одржаното Собрание на ОФС од кое како кандидат за претседател на ФФМ беше именуван Мирсад Јонуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА