Офтендал МВП, Мерк прв стрелец на СП

Норвежанката Стине Офтендал го доби признанието за најдобра ракометарка на 23.Светско првенство што се одржа во Германија. Титулата прв стрелец на шампионатот ја понесе нејзината репрезентативна колешка, Нора Мерк со 66 гола која е прогласена и за најдобар десен бек на шампионатот.

Норвежанките се најбројни и во идеалниот состав на СП:

Голман: Катрин Лунде (Норвешка)

Лево крило: Сираба Дембеле (Франција)

Лев бек: Лоис Абинг (Холандија)

Среден бек: Грејс Зооди (Франција)

Десен бек: Нора Мерк (Норвешка)

Десно крило: Натали Хагман (Шведска)

Пикер: Ивет Брокс (Холандија)

МВП: Стине Офтендал (Норвешка)

all-star sp

Се вчитува...