Репрезентативецот на Србија, Огњен Добриќ се врати назад во редовите на Црвена Звезда. Ова беше познато откако неговиот доскорешен клуб Виртус Болоња го објави списокот на кошаркари кои ќе настапуваат во тимот следната сезона, а дел од него не беше Србинот.
Добриќ играше во Црвена Звезда од 2016 до 2023 година освојувајќи четири трофеи во АБА лигата, шест титули во српското првенство, четири трофеи во Купот на Србија и еден Суперкуп.
29-годишникот претходната сезона прифати интернационален предизвик, но не доби голема шанса во италијанскиот клуб.
Ја сам године провео са тобом… сад сам опет ту и бићу увек с’ тобом! 🔴⚪️
He is coming home 🏠
🐍#kkcz #WeAreTheTeam #CrvenoBelaPorodica | @EuroLeague pic.twitter.com/6F6qZwVAcB
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) July 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА