Огнен Стефановски со нов национален рекорд за Македонија

Огнен Стефановски повторно ја испиша историјата на македонската атлетика. На националното првенство во седмобој во Словенија успеа да постигне вкупно 5223 поени, со што постави нов национален рекорд.

Резултати по дисциплини:

60 метри: 7.22 секунди

Скок во далечина: 6.84 метри

Скок во височина: 183 сантиметри

Фрлање ѓуле: 11.76 метри

60 метри со пречки: 8.42 секунди

Скок со стап: 4.20 метри (нов национален рекорд)

1000 метри: 2:42.83 минути

Со овие резултати Огнен не само што го подобри својот личен и национален рекорд во скок со стап, туку и ја зацврсти својата позиција како најуспешен македонски повеќебоец на сите времиња.

Се вчитува...