Огнената стихија во Лос Анџелес ја проголта куќата на познатата фудбалска ѕвезда

Во застрашувачкиот бран шумски пожари што го зафатија Лос Анџелес , загинаа најмалку десет лица, уништени се дури десет илјади куќи и други објекти, а бројот на евакуирани граѓани се искачи на 180 илјади.

Огнената стихија го зафати и домот на познатиот мексикански фудбалер Карлос Вела, кој има нераскинлива врска со Лос Анџелес. Таму помина шест години од својата фудбалска кариера и стана една од најголемите ѕвезди на американската МЛС лига.

Страшната вест ја потврди неговата сопруга Сајоа Канибано кога на Инстаграм сподели видео од нивната запалена куќа.

“Нашиот прекрасен дом во Малибу изгоре вчера, сè уште сме во шок поради се што се случува. Многу е тажно и страшно да се види сè како гори”, рече таа, но и ги увери сите следбеници со порака дека се безбедни.

Се вчитува...