„Огнено трио“ предложено на Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус веќе ги планира засилувањата за следната сезона, а понудата содржи квалитетни имиња. Суперагентот Жорге Мендеш допатува во Торино и на раководството на клубот му ги понуди Давид де Хеа, Рубен Невеш и Хамес Родригез. Откако го реализира трансферот на Кристијано Роналдо, еден од најпознатите фудбалски менаџери сега има отворени врати во Јувентус.

Тренерот Масимилијано Алегри посакува да го освежи тимот со неколку нови фудбалери, а Мендеш има „одлична роба“. Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, му е предложен на Јувентус, кој како прва опција го има Шчешни по заминувањето на Џанлуиџи Буфон. Секако дека Де Хеа би бил одличен избор за Јувентус, а идното лето му истекува актуелниот договор со англискиот премиерлигаш.

На Алегри му недостига и играч за врска, а Мендеш го понудил сонародникот Рубен Невеш, кој е член на Вулверхемптон. Покрај тоа, португалскиот агент има предлог и за Хамес Родригез, кој по завршувањето на сезоната ќе си замине од Баерн Минхен, а треба да се врати во редовите на Реал Мадрид. Но, не е исклучена можноста повторно да замине, и тоа следна дестинација да му биде токму Торино.

Се вчитува...