Куќата на Лука Дончиќ била ограбена во саботата во Далас, а по полициска истрага било утврдено дека од неа бил одземен накит вреден 30.000 долари.
Грабежот доаѓа веднаш откако НБА неодамна издаде предупредување до своите играчи за низа упади во домовите на спортистите низ САД.
„Полицијата во Далас добила пријава дека непознато лице во периодот од 17 до 21 часот го скршило прозорецот од бањата од куќата на Дончиќ и одзело накит. Двајца полицајци кои се запознаени со делото ја потврдиле кражбата. Известена е криминалната екипа. Приватно обезбедување го обезбедувало домот на Дончиќ. Не е јасно дали има само еден осомничен или повеќе од еден “, пренесува „Dallas Morning News“.
Дончиќ моментално е на пауза поради повреда на потколеницата, а ќе биде надвор од терените најмалку еден месец. Далас во тој период ќе одигра 17 натпревари, што значи дека Дончиќ за прв пат во кариерата ќе одигра помалку од 65 натпревари во една сезона.
Поради тоа, Словенецот нема да биде во конкуренција за МВП наградата, каде што беше меѓу фаворитите во претходниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА