Ограбен Мишел Платини: Она што е земено вреди многу повеќе од пари…

Легендата на францускиот фудбал, Мишел Платини, остана во шок откако рано утрово беше ограбен додека спиеше во својот дом во близина на Марсеј.

Непознатите крадци влегле во куќата на 70-годишниот Платини, кој во еден момент се разбудил и ги забележал, но тие со маски на главите зеле се што можеле и побегнале од местото на злочинот.

Како што информираат француските медиуми, украдена е одредена сума на пари, но што е уште позначајно – речиси сите медали и трофеи што Платини ги освои за време на својата блескава кариера.

„Штом увиде што се случува, тој веднаш се освран кон местото каде ги чуваше највредните трофеи и медали од кариерата. Речиси 20 уникатни признанија, вклучувајќи пехари, медали и други вредни предмети… се исчезна во само еден миг. Тоа што му беше одземено вреди многу повеќе од било која сума на пари“, се вели во извештаите на француските новинари.

Мишел Платини е трикратен освојувач на Златната Топка (1983, 1984, 1985), тој беше европски првак со Франција, додека со Јувентус ги освои трофеите во Купот на Европските Шампиони, Купот на Победниците на Куповите и шампионското скудето во Серија А.

Се вчитува...