Членови на организирана криминална група за која има потрага во Англија поради кражба во домовите на поголем број познати и богати личности, меѓу кои е и поранешната фудбалска легенда на Челси, Френк Лампард денеска се уапсени во Белград, пренесуваат медиумите во Србија.
Процената на вупната вредност на украдени пари и други предмети изнесува 26 милиони фунти, а криминалците овие пари ги користеле за вложување во недвижнини во главниот град на Србија и купување на луксузни автомобили.
Според информациите на полицијата организираната криминална група „оперирала“ во Велика Британија во периодот од 2. февруари 2018 година до 15. декември 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

