Младата репрезентација на Македонија цело второ полувреме ќе игра со фудбалер помалку по исклучувањето на Михаил Димитриевски уште во 47. минута на дуелот против Шведска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Се чини престрог директен црвен картон доби македонскиот десен бек по еден старт над Бергвал на половината од теренот.
Но, главниот судија, кога сите очекуваа единствено жолт картон, се одлучи да му додели директен црвен картон.
По 60 минути игра на дуелот на „Тодор Проески“ од квалификациите за ЕП 2025 и натаму е без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА