Стартуваше продажбата на билетите за хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда кој ќе се одигра во Скопје на 16 април од 20 часот на арената „Тодор Проески“, а од кој сите средства од продадените билети ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во ужасната трагедија во Кочани.
И веднаш од првиот ден на почетокот на продажбата огромен интерес да се присуствува на дуелот меѓу двата „лути ривали“ од минатото кои ги врзуваат и бројни заеднички моменти, пред се преку голем број фудбалери кои повеќе од успешно играле за двата клуба.
Цената на билетите за Јужната и за Северната трибина изнесува 200 денари, а за Источната и за Западната трибина е по 100 денари. Може да се купат преку онлајн продажба на е-платформата на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА