Огромен проблем: Барса остана без планирани 65 милиони евра, „висат“ потпишаните засилувања

Жоан Лапорта се соочи со неочекуван огромен проблем околу буџетот на Барселона откако пропадна договорот за продажба на дел од „Барса Студиос“ на еден германски конзорциум.

Лапорта имаше договор за продажба на 16% од вкупните акции на „Барса Студиос“ за 65 милиони евра. Парите требаше да бидат уплатени најдоцна до 1 август, па раководството на каталонците останало шокирано кога Германците буквално во „пет до дванаесет“ ги известиле дека се откажуваат од договорот.

Проблемот е во тоа што Лапорта ги пријавил овие пари како дел од загарантираниот буџет што беше прифатен од Ла Лига, па сега кога реално ги нема на располагање, првиот човек на Барселона ќе мора да најде нов извор на капитал. Во меѓувреме, додека не биде пополнета оваа дупка во буџетот, Барселона нема да може да ги регистрира новите засилувања што ги потпиша летово (Гундоган, Мартинез и Ромеу).

Се вчитува...