Барселона се соочува со огромен проблем по дербито на четвртото коло во шпанскиот кошаркарски шампионат. Покрај тоа што каталонскиот тим забележа пораз, остана и без услугите на еден од клучните кошаркари Николас Лапровитола.
Аргентинецот пред крајот на четвртата четвртина заработи повреда на лигаментот на десното колено и мораше да биде изнесен надвор од теренот со помош на неговиот соиграч Јан Весели и физиотерапевтот на тимот.
„Сакам да ги чекаме тестовите, но не изгледа добро“, изјави тренерот на Барселона, Жоан Пенероја.
Деталните прегледи кои се закажани за денеска ќе ја утврдат сериозноста на повредата на аргентинскиот репрезентативец кој оваа сезона во Евролигата бележеше просек од 10.0 поени и 6.3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА