Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ за престојното Европско првенство кое оваа година ќе се одржи во Германија нема да може да смета на еден од најконстатните фудбалери на тимот, Никола Влашиќ.
Фудбалерот на Торино поради повреда заработена на натпреварот од 35. коло во Серија А против Болоња мораше да го напушти теренот во 28. минута, а по деталните прегледи утврено дека станува збор за посериозна повреда на препоните на десната нога што е разочарувачка вест на 38 дена пред почетокот на континенталниот собир.
Влашиќ важи за срцето на тимот. Од летото 2019 година тој е речиси незаменлив со само шест пропуштени од 56 можни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА