Огромен проблем за Хрватска и Баерн Минхен

Баерн Минхен во првиот натпревар во 2026 година одигра доминантно против Волфсбург совладувајќи го ривалот со неверојатни 8-1. Големата победа сепак остана во сенка на повредата на Јосип Станишиќ.

Хрватскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во завршницата по повреда на десното стапало, за која говореше и тренерот Винсент Компани.

„Не изгледаше добро, го извитка зглобот. Но, не сакам да губам надеж“, изјави Компани.

За да се утврди точната повреда на 25-годишникот потребни се детални прегледи, а лоши вести би можеле да бидат кобни и по Баерн Минхен, но и по репрезентацијата на Хрватска која на Светското првенство ќе настапи и без Јошко Гвардиол кој заработи скршеница на ногата.

Се вчитува...