Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми откако остана без услугите на офанзивецот Брахим Дијаз кој заработи повреда во победата над Реал Сосиедад и него го очекува долга пауза.
Мароканскиот репрезентативец се повреди во првото полувреме, а по деталните прегледи утврдено е дека станува збор за потешка повреда на адукторот. Тоа значи дека ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на 2024 година.
Дијаз оваа сезона важи за „џокер“ на Карло Анчелоти од клупата па неговата повреда ќе биде голем проблем за ротацијата. Тој настапи на шест натпревари постигнувајќи еден гол и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА