Реал Мадрид не успеа да слави против Џирона во синоќешниот натпревар во Ла Лига кој заврши без победник, 1-1.
И додека се уште се сумираат впечатоците, факт е дека во преден план дојде сцената од 89. минута кога Килијан Мбапе доби лакт од противнички играч, но ВАР-собата ја потврди одлуката на судијата на теренот, не досудувајќи пенал за „кралевите“.
Сето тоа наиде на жесток револт меѓу навивачите на Реал…
„Ова е чист пенал врз Мбапе. Тој дриблаше покрај Витор Реис, а дефанзивецот на Џирона го удри во лицето. Неприфатливо е што ВАР-собата не интервенираше. Ограбени сме. Ова е класична кражба…“, е пораката на навивачите на кралскиот клуб.
Mbappe elbowed in the face!!! NO penalty 🤯🤯
Real madrid robbed in Daylight tbh. pic.twitter.com/SAIsQLDz2B https://t.co/0a6kqwzkU2
— TopCee (@UtdTopCee) April 10, 2026
И додека навивачите на Реал го обвинуваат судијата за оваа одлука, играта на теренот на тимот на Алваро Арбелоа изгледаше и тоа како лошо.
Како и да е, титулата е се подалеку од Мадрид. Во случај денеска на победа над градскиот ривал Еспањол, Барселона ќе има девет бода предност и приказната за шампионот веројатно ќе биде завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

