Огромен револт меѓу „вардарци“: Сериозно оштетени во Гостивар!

Најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар ги сведе на теорија шансите да се врати во елитата во домашниот фудбалски шампионат, откако денеска загуби на гостувањето кај Гостивар со 1-2.

Голем револт постои кај најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по натпреварот, велејќи дека двете спорни одлуки на судискиот тим Влатко Илиоски, Зоран Костоски и Марјан Смилкоски, сите од Прилеп, на крајот на првото полувреме била клучна за конечниот резултат.

Пред крајот на првиот дел, Гостивар доби пенал, иако судиите претходно покажаа гол-аут, a потоа главниот судија реши да покаже офсајд при една контра, иако еден играч на Гостивар беше веќе во казнениот простор.

 

 

Се вчитува...