ОГРОМЕН СКАНДАЛ: Пијани навивачи на Слован вознемирувале патници на лет кон Скопје, полицијата не им дозволила влез во Македонија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 20:30 часот, од службите на скопскиот аеродром бил уапсен еден навивач, додека на други 10 не им бил дозволен влез во Македонија.

Лицата биле под дејство на алкохол, а по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници.

„На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Се вчитува...