Дизајнерската ѕвезда на Формула 1, Адријан Њуи, ќе му се придружи на Астон Мартин од 1 март следната година како управен технички партнер и исто така ќе стане акционер во тимот.
Автомобилите дизајнирани од Британецот освоија 25 шампионски титули за возачи и конструктори за Вилијамс, Мекларен и Ред Бул. Неговиот Ред Бул од 2023 година беше најдоминантниот болид во историјата на спортот со 21 победа на 22 трки.
BREAKING: Aston Martin have announced that designer Adrian Newey will be joining the team next year! ✍️ pic.twitter.com/tWHOyVjJKz
— ESPN F1 (@ESPNF1) September 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА