Масимилијано Алегри има причина за загриженост пред самиот старт на сезоната откако најдобриот фудбалер на Милан, Рафаел Леао, заработи незгодна повреда и ќе пропушти најмалку еден меч на „росонерите“.
Леао го постигна првиот гол во куп-победата над Бари минатиот викенд, но десеетина минути подоцна тој настрада по еден воздушен дуел и самиот побара да биде заменет. Лекарските прегледи покажаа дека станува збор за обновување на стара повреда на мускулот која не е премногу сериозна, но Португалецот сепак го очекува период надвор од терените.
Она што е сигурно, Рафаел Леао ќе го пропушти првиот меч од новата сезона против Кремонезе, а големи се шансите тој да не биде во составот ниту за втората рунда против Лече. Потоа ќе следи и репрезентативната пауза, по која Милан во третото коло на 14 септември ќе ја пречека Болоња, дуел на кој се очекува Леао да биде на располагање на тренерот Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

