Огромна чест: Стадион во Сенегал ќе се вика Садио Мане

Садио Мане го предводеше Сенегал до историскиот прв трофеј на Купот на Африкански Нации, а на голгетерот на Ливерпул за возврат ќе му биде укажана огромна чест во татковината.

Градоначалникот на Банбали, градот каде што е роден Мане, објави дека стадионот во овој град во иднина ќе го носи името на овој фантастичен голгетер.

„Одлучив стадионот „Седхиу“ во иднина да го носи името „Садио Мане“. На тој начин му ја покажуваме благодарноста на сите синови и ќерки од овој регион од државата“, изјави градоначалникот Абдулае Диоп.

Садио Мане постигна три гола и две асистенции за време на Купот на Африкански Нации, воедно и го реализираше клучниот пенал во рулетот во финалето против Египет.

Се вчитува...