Светската фудбалска организација е повторно во голем скандал, откако арапските медиуми дојдоа до неверојатен податок, дека Катар преку разни тајни канали платил 880 милиони долари во канцеларијата на ФИФА за да ја добие организацијата на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Документите кои се веќе објавени откриваат дека власите во Доха и понудиле на ФИФА повеќе од 400 милиони долари само на 21 ден пред финалната одлука за домаќинот на наредниот мундијал.
Во кампања биле и најмоќните медиуми „Ал Џазира“ и „Беин Медиа“, а дел од нив биле употребени и за коруптивните зделки. „Ал Џазира“ во договорот потпишан со ФИФА уште во 2010 година вклучила и клаузула дека ќе исплати „бонус“ од 100 милиони долари за Светската фудбалска организација, доколку еден ден Катар биде организатор на Светско првенство. „Беин Медиа“ во април 2014 година упатила понуда вредна 480 милиони долари со слична клаузула, и тоа откако завршила истрагата на ФИФА за наводното „местење“ на новиот домаќин на мундијалот.
По ова, сериозно се разгледува можноста да биде поништена одлуката Катар да го организира наредното Светско првенство во фудбал во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА