Огромна разлика во поени помеѓу Дембеле и Јамал за „Златната топка“

Франс Фудбал официјално ги објави резултатите од гласањето за „Златната топка“, која ја освои Усман Дембеле во понеделникот, добивајќи ја наградата за најдобар играч во изминатата сезона.

Француската ѕвезда на ПСЖ ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, победувајќи го Ламин Јамал со огромни 321 поен. Гласањето покажа дека практично немало дилеми, а победата на Дембеле беше една од најубедливите во последните години.

За споредба, минатата година играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, ја освои наградата со само 41 поен предност пред Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Се вчитува...