ОГРОМНА СЕНЗАЦИЈА во Гостивар: Арсими го совлада Вардар (ВИДЕО)

Голема сензација во Гостивар во мечот од 24. коло во ПМФЛ. Арсими го совлада Вардар со 1-0, и го направи првенството уште понеизвесно, и дополнително интересно кога е во прашање битката за титулата. Еден гол беше доволен да се урне лидерот на табелата, кој прикажи бледа партија, особено во завршницата, иако имаше шанси да дојде барем до бод.

Првата шанса ја имаа домашните преку Гафури во 24. минута од средбата кога се најде во иделана позиција, меѓутоа го промаши голот.

Пред крајот на првиот дел, поточно во 43. минута од средбата, голема  радост за домашните навивачи. Мустафа од десната страна се проби, додаде до Гони, кој беше осамен, и погоди во мрежата во Талески за предност на Арсими.

Јалова иницијатива имаше Вардар во вториот дел, со оглед дека недостасуваше концентрација во завршницата. Имаа шанси Вардарци преку Велковски два пати, а најдобрата ја имаше Закариќ во 77. минута кога се најде сам пред голот на Арсими, но Силјановски успеа прекрасно да интервенира во корнер.

Ниту во 11. минути продолженија по истекот на официјалните 90, не успеа Вардар да израмни. Торес од слободен удар само го префрли голот, и таа шанса пропадна. Шанса имаше и Талески кој од 5-6 метри шутираше непрецизно.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...