Огромна трагедија ја потресе Индонезија: Млад голман почина после судир со противнички играч! (ВИДЕО)

Голема трагедија ја потресе Индонезија, откако млад голман на кого му се предвидувала и репрезентативна кариера, починал во болница, откако паднал во кома веднаш после еден тежок судир со противнички фудбалер.

Тауфик Рамсјах починал на само 20 години, откако во една акција во обид да ја собере топката, напаѓачот со нога го удрил во глава, по што младиот чувар на мрежата паднал во несвест, а потоа во кома.

Итно бил префрлен во болница, му била направена операција, но после два дена починал синоќа.

„Многу тажна и болна вест! Тауфик почина. Од дете го сакаше овој спорт и на крај почина на теренот, работејќи го тоа што најдобро го знае. Ни ја остави сета страст и порака за иднината“, објави клубот Торнадо.

 

 

Се вчитува...