Огромна трагична информација ги затекна „вардарки“ пред мечот со ЖРК Будуќност во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ во составот за дуелот против Будуќност ќе ја немаат Црногорката Андреа Кликовац затоа што таа имаше семејна трагедија, и тоа во Скопје. Нејзиниот татко допатувал во нашиот главен град да ја следи својата ќерка од трибините на дуелот со Будуќност, а ненадејно синоќа починал.
Таткото на Кликовац, заедно со својата ќерка, вчера го следеле во СЦ „Јане Сандански“ дуелот меѓу Вардар и Целје во ЛШ, а по заминувањето во својот стан, добил срцев удар по што починал и покрај лекарската интервенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА