Огромна трагедија во БиХ: Почина млад фудбалер на само 13 години

Страшни вести од Сански Мост, БиХ, кои го шокираа регионот, објави фудбалскиот клуб Подгрмеч.

Почина младиот фудбалер Бенџамин Бишчевиќ, на само тринаесет години не успевајќи да ја издржи битката со страшната болест со која се бореше изминатиов период.

„Со голема тага и болка ве известуваме дека нè напушти еден мал, но голем херој – Бенџамин Бишчевиќ. Станува збор за момче кое се бореше како лав против злобна болест, но неговото храбро срце не издржа. Бенџамин со љубов го носеше дресот на младинските тимови на нашиот клуб, со нетрпение очекувајќи го секој натпревар. Сите ќе имаме прекрасно сеќавање на едно прекрасно дете, но и порака за минливоста на овој свет и како не е важно колку години имаме, како се викаме и што правиме. Важна е љубовта која ја делиме со своите најблиски и со секој човек на овој свет. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Бенџамин. Ќе ни недостига искрената насмевка на едно момче кое го сакаше животот и храбро се бореше до последниот момент. Нема зборови да се опише тагата и болката што ја чувствуваме. Бенџамин, на сите ќе ни недостасуваш“ – се вели во објавата на ФК Подгрмеч.

Се вчитува...