Огромна трагедија во мак-фудбалот: На 21 година почина фудбалерот на Новаци, Стефан Петровски

Огромна трагедија во мак-фудбалот. На само 21 година, во трагична несреќа, животот го загуби фудбалерот на Новаци, Стефан Петровски – Паше.

Шок за семејството и пријателите на популарниот Паше, но шок и за фудбалска Македонија ако се знае дека се загуби еден исклучително талентиран фудбалер.

Петровски, кој настапуваше и за Пелистер, беше цел изминатиов период и на неколку домашни прволигаши, а беше скаутиран и од ФК Академија Пандев. Се одлучи да остане во Новаци иако е јасно дека пред него беше извесна далеку побогата кариера.

Се вчитува...