Шпанскиот фудбал завиен во црно: Тренерот на женската екипа на Валенсија и неговите три деца загинаа во бродска несреќа

Фернандо Мартин, 44-годишен тренер на женскиот тим на Валенсија, и неговите три деца на возраст од 9, 10 и 12 години, загинаа во бродска несреќа во близина на островот Падар, источно од Бали.

Семејството, познато во Валенсија по тоа што го водеше ресторанот и хотелот „Ел Косо“, било на своето прво патување. Мајката на децата и нејзината најмлада ќерка ја преживеале трагедијата, пренесува „Ел Мундо“.

Според порталот „Џакарта Глоуб“, индонезиските власти и натаму трагаат по четворица шпански туристи кои исчезнаа откако туристички брод потона воп близина на остворот Падар, во областа на Националниот парк Комодо, во близина на Лабуан Баџо.

Бродот наводно превезувал 11 лица, а дивеал дефект и се превртел, наводно поради немирно море.

Се вчитува...