Огромна трагедија во Вал д’Изер: Загина 18-годишна скијачка

Француската скијачка Марго Симон почина на 18-годишна возраст по несреќа на тренинг во четвртокот во Вал д’Изер, соопшти Француската скијачка федерација.

Симоне претрпе тежок пад, лекарот се обиде да ја реанимира, но не беше можно да ја врати во живот.  Таа го освои шампионатот до 18 години во март.

„Сакаме да изразиме искрено сочувство до нејзиното семејство и најблиските и да им ја испратиме нашата целосна поддршка во овие особено тешки моменти “, се вели во соопштението на Француската скијачка федерација.

Се вчитува...