Сопругата на фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, контроверзната Ванда Нара си ги изненади фановите и фудбалскиот свет со огромна трансформација.
Ванда долги години беше препознавана како „фаталната плавуша“ без влакна на јазикот што, се чини, најмногу го чинеше Икарди кој поради нејзините јавни настапи ја загуби капитенската лента во Интер, а наскоро би можел и да го напушти клубот.
И, додека се чека трансфер, Ванда се одлучи на промени. Од „фатална плавуша“ сега се одлучи да „потемне“. Со нов имиџ испрати и нова порака…
„Промените се за храбрите. Само кукавиците никогаш ништо не менуваат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА