Аталанта се соочува со огромни проблеми пред самиот почеток на новата сезона откако остана без услугите на напаѓачот Џанлука Скамака. Италијанецот на пријателскиот натпревар со Парма имаше лош доскок по кој мораше да биде изнесен надвор од теренот, а првичните информации од Италија воопшто не се поволни.
Скамака заработил повреда на менискусот, страничниот и предниот вкрстен лигамент на коленото поради што мора да помине низ оперативен зафат и ќе биде надвор од теренот до месец март.
Отсуството на Скамака во најголемиот дел од сезоната воедно ја приморува и Аталанта да бара нов решение на трансфер маркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА