Французите се соочуваат со серија проблеми во тимот пред својот старт на ЕВРО 2024 во понеделник (17. јуни) против Австрија.
Како што пренесуваат француските медиуми, голем број репрезентативци и членови на стручниот штаб се мачат со вироза поради која речиси половина тим ги пропушта тренинзите. Меѓу нив и селекторот Дидие Дешамп, кој исто така имал вирусна инфекција. Најлоша е состојбата кај Кингсли Коман кој се здобил со воспаление на горните дишни патишта, а уште неколкумина фудбалери се жалеле на грчеви и главоболки.
На сето тоа, и најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, поради повреда не го одработи и вчерашниот тренинг, што создава сериозни главоболки кај Французите пред мечот со Австријците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА