Огромни тензии деновиве на релација Интер – Реал Мадрид. „Нераѕурите“ се во сериозни финансиски проблеми поради што се уште не ја платиле договорената рата на Реал Мадрид за Ашраф Хакими. Сето тоа „кралевите“ сакаат да го искористат и да го вратат Мароканецот во своите редови.
Во миланскиот тим сметаат дека на време го известиле Реал околу потешкотиите во работењето издавајќи гаранција за одложено плаќање.
Но, сето тоа не го прифаќа Реал, дозволувајќи одложување, согласно правилата на УЕФА, само до 31. март. Ако до овој термин Интер не ја плати ратата тогаш може да остане и без лиценца за европските натпреварувања. Притоа не се исклучува можноста и да го вратат фудбалерот во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

