Организаторите на мечот Монако – Борусија Дортмунд ги преземаат сите можни мерки за гостите од Германија да се чувствуваат безбедно во пресрет на вечерашниот реванш меч што ќе се одигра во Франција. По бомбашкиот напад на автобусот на „милионерите“ што се случи минатата седмица, сега мерките за безбедност се максимално засилени.
Според информациите од француските медиуми, повеќе од 500 полицајци и агенти ќе бидат распоредени на маршрутата што ќе ја вози автобусот на Борусија Дортмунд од хотелот до стадионот „Луј Втори“ во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА