Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, сега раководител за Маркетинг и логистика, Филип Поповски доби големо признание од УЕФА, што е и големо признание за Фудбалската федерација на Македонија, со одредеувањето да биде делегат на мега-дербито меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити од групната фаза во Лигата на европските шампиони.
Пресметката која ќе биде во фокусот на Еврпа се игра утре (10 декември) во Мадрид. Овој натпревар е и тоа како значаен за двете екипи, за пласман во завршните борби за титулата. По пет одиграни кола, во групната фаза,в о конкуренција на 36 екипи Реал Мадрид е на 5. место со 12 бода (4 победи и 1 пораз), додека Манчестер сити е на 9. место со 10 бода (3 победи, еден пораз и реми).
Од македонските претставници во УЕФА, Филип Поповески високо котира бидејќи е најчесто ангажиран како делегат на меѓународни натпревари, претодно и како организациски директор на повеќе мечеви на италијанскиот гигант Милан.
Поповски е единствен Македонец кој беше делегат на финалниот натпревар на едно Европско првенство. Тоа беше на ЕП 2024. На тоа европско првенство беше делегат на дури пет натпрвари: Турција-Холандија, Италија-Швајцарија, Италија-Хрваатска, Полска-Австрија и Холандија-Австрија. Имаше таа чест да биде и делегат на полуфиналниот меч во Лигата на шампионите меѓу Интер и Милан. Тука на овој список ќе додадеме и улогата на организациски директор на средбите на Милан во Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид, Порто, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Динамо Загреб…
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

