Охрид ангажира уште еден играч од Бундеслигата

Ракометниот клуб Охрид ќе ангажира уште еден играч од германската Бундеслига. Станува збор за десниот бек Анте Иванковиќ, кој е моментално член на Штутгарт.

Тој ќе биде третиот ракометар кој доаѓа од германското првенство, после Тиле Стрмљан, Предраг Вејин и Николас Лиапис, кои претходно го засилија охридскиот тим.

Иванковиќ има искуство со играње и во Лигата на шампионите со екипата на Целје, и постигна 80 голови во најелитното европско клупско натпреварување.

Иванковиќ е поранешен младински и кадетски репрезенативец на Хрватска.

Се вчитува...