Охрид останува рамо до рамо со Пелистер на делба на првото место во ракометната Супер-лига, откако охриѓани вечерва рутински славеа над екипата на Пролет со 34-22. Само триесет минути им беа доволни на домашните ракометари да стигнат до двоцифрена предност, па откако на одмор се замина со резултат 21-10, избраниците на тренерот Андоновски во преостанатиот дел од мечот рутински ја одржуваа оваа позитива.
Кобетиќ беше прв стрелец на домашниот тим со осум гола, пред Адамовиќ со пет и Блажевски и Јанев со по четири погодоци.
Многу интересно беше на дуелот во Велес, каде Борец и Прилеп во неверојатен офанзивен дуел постигнаа вкупно 80 погодоци. На победата се радуваа домаќините, со конечни 41-39, резултат со кој велешани и дефинитивно си го осигураа пласманот во „Топ 4“ и учеството во плејоф натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА