Охрид броеше до 42 во езерското дерби со Струга

Езерското ракометно дерби меѓу ривалите Охрид и Струга мина во целосна доминација на домашниот тим, кој славеше со убедливи 42-25. “Сино-белите“ немаа проблем да ја оправдаат фаворитската улога, од самиот почеток наметнаа силно темпо и поведоа со 5-2, потоа и со 12-6, за на одмор да заминат со убедливи 20-14.

Доминацијата продолжи и во вториот дел, охриѓани првото двоцифрено водство го имаа при 24-14 со серијата од 4-0 на стартот од полувремето. Избраниците на Алушовски не застанаа тука, продолжија со импресивно издание во нападот, завршувајќи го последниот натпревар за оваа календарска година со импресивни 42 постигнати погодоци и победа изразена со конечните „плус 18“.

Костов и Кукуловски со по шест гола беа најефикасни во таборот на Охрид, пет гола постигнаа Јотиќ и Ристески, додека прв стрелец на Струга беше Боби Савески со пет погодоци.

Се вчитува...