Раководството на Охрид работи напорно на ангажман на нови ракометари за наредната сезона, па по потписот на Кукулоски денеска беше официјализиран уште еден трансфер.
Станува збор за десното крило Наум Костов, ракометар кој ја почна кариерата во Охрид, од каде пред една и пол сезона замина. Костов во овој период настапуваше за Аеродром и за Куманово, но по понудата за камбек меѓу охриѓани не размислуваше премногу.
„Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона“, изјави Костов по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА