Охрид домаќин на европската параглајдинг елита (ФОТО)

Повеќе од 50 натпреварувачи од Европа од 14 држави се дел од Европски куп во параглајдинг кој од денес до недела се одржува во Охрид. На терените на на СРЦ “Билјанини извори“ параглајдеристите пред полните трибини со ученици од основните и средни училишта од Охрид го развиореа знамето на Охрид во чест на Денот на ослободувањето на градот.

Кристијан Темелковски од параглајдинг клубот „Флај Охрид“ истакна дека Параглајдинг Европскиот куп во прецизно слетување 2024 година во Охрид се организира по вторпат, откако во 2022 година беше организиран првиот и се надева дека ќе продолжи континуирано секоја наредна година се до организација на Светско првенство.

„Најдобрите параглајдеристи од Европа се тука. Овој натпревар е многу важен бидејќи од Европскиот куп е финалниот натпревар, значи суперфинале од Европскиот куп и тука се доделуваат наградите од вкупно Европските купови кои се одржани во Романија, Хрватска, Србија и  Македонија“ – истакна Темелковски.

На Купот ќе се одржат осум рунди. Натпреварите се одржуваат секој ден од 9 до 16 часот. Стартуваат од местото викано „Поглед“ над Велестово и слетуваат на „Билјанини Извори“.

ФОТО: www.ohridnews.com (А. Момироска)

Се вчитува...