Триатлон федерацијата на Македонија на 6. и 7. јули покрај Билјанините извори во Охрид ќе го организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 на Македонија.
Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, не мотовираше и оваа година да
направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори.
Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на https://www.smartrace.club.
Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се
состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.
На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:
* Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
* Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
• 1.категорија – родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади)
• 2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години)
• 3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години)
• 4.категорија – родени 1969г. (50+ години)
*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА