Ракометниот клуб Охрид го освои седмото место на Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“ откако во дуелот за оваа позиција славеше убедливо против Ловќен со 42-25.
Црногорскиот тим беше рамноправен противник само во првиот дел од првото полувреме по што следеше убедлива игра од страна на ракометарите на Стевче Алушовски. Шанса на денешната средба добија повеќе млади ракометари.
Андоновски и Костов беа лидери на охридскиот тим забележувајќи пет постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА