Ракометарите на Охрид без многу мака успеаја да го совладаат тимот на Куманово на негов терен со 14:30, во рамките од 20. коло во ракометната Супер-лига.
Кумановци освен предноста од 1-0, ниту еднаш не успеа да се доближи до гостинот, кој брзо дојде до предност од 1:8, па потоа лесно да стигне на крајот до победата. На полувремето Охрид имаше предност од 15-5. И во вториот дел охриѓани стигнаа до 15 голови, но домашните дадоа повеќе – 9, но далеку од добар резултат.
Кај Охрид најефикасен беше Дарко Ѓукиќ кој постигна шест голови, а после него следуваше Ќосевски со пет. Ончев и Цековски кај Куманово беа најефикасни со по четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

