Екипата на Охрид го комплетираше ростерот за претстојната натпреварувачка сезона доведувајќи уште двајца странци во своите редови.
За нов плејмејкер ангажиран е Американецот Кејси Рос – Милер, додека во битката под обрачите на охриѓани ќе им помогне Австралиецот Лијам Томас, центар висок 213 сантиметри. Рос – Милер (26 години) пристигна од Сури скорчерс од Велика Британија, каде во просек постигнуваше по 15,7 поени по натпревар. Што се однесува до 23-годишниот Томас, за него ова ќе биде прво скуство во европската кошарка, откако ланската сезона ја мина во редовите на Николс стејт, каде имаше просек од 7,8 поени, 6,4 скокови 2,1 асистенции по натпревар.
Покрај овие кошаркари, тренерот Петар Чочороски од претходно на располагање ги има Станислав Цонков, Антонио Донески, Ервин Цого, Ѓорѓи Зафиров, Реми Бери, Бранко Јаневски, Стеван Глигоријевиќ и Слободан Михајловски.
Охрид викендов во првото коло од домашното првенство му гостува на тимот на Струмица, а потоа наредната среда, на 11 октомври, на стартот од АБА2 натпреварувањето охриѓани ќе го пречекаат српскиот прволигаш Борац Чачак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА