Охрид е есенски шампион во Втората лига, во „сенка“ останаа и Шкендија Арачиново и Брегалница (ФОТО)

Екипата на Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако во последното 15. коло од првиот дел од сезоната триумфираше на гостувањето против Виница со 0-2.

На тој начин, охриѓани завршија на врвот од табелата оставајќи ги во „сенка“ и Шкендија Арачиново и Брегалница кои во поголемиот дел од есенската полусезона беа на водечките позиции.

Стрелци на головите за екипата на Охрид Лихнидос на гостувањето во Виница беа Албнор Каба и Андреј Ристовски.

Во вториот денешен дуел Големо Коњари и Тетекс одиграа 2-6.

Охрид ја финишираше есенва со 36 поени, Шкендија Арачиново со 35, додека пак Брегалница со 33 бода.

Се вчитува...